Избор поезија на млади македонски автори објавен во Словенија

Македонското културно друштво „Македонија“ од Љубљана  објави избор од поезијата на млади македонски автори, насловен  „(Не)пар / (Ne)par: (Dvojezični izbor sveže makedonske literature)“.

Во изборот се опфатени 22 песни заедно со био-библиографски белешки на поетите: Јосип Коцев, Маријана Јанческа, Снежана Стојчевска, Катерина Гогова и Стефан Марковски.

Изборот е во превод на група преведувачи под менторство на Намита Субиото, македонистка од Филозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и Лара Миховиловиќ, професорка по македонски јазик, поетеса и преведувач.

Изборот „(Не)пар…“ ќе биде промовиран во декември во рамки на манифестацијата „Прешерново оро“ во Крањ, Словенија. 

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе