Италијанскиот писател Клаудио Магрис е прогласен за почесен член на ДПМ

Познатиот италијански писател Клаудио Магрис е прогласен за почесен член на Друштвото на писателите на Македоија. Плакетата за почесен член на Клаудио Магрис ќе му ја предаде претседателот на ДПМ, Веле Смилевски, на свеченоста што ќе се одржи на 16 ноември, во 19 часот, во салата на Македонската филхармонија во Скопје.

Одлуката на Друштвото на писателите на Македонија за прогласување за почесен член на Клаудио Магрис, еден од најголемите современи автори на италијанската и европската книжевност, е во знак на почит кон неговото значајно литературно дело и благодарност за творечките и духовни врски со македонската литература преку преводите на неговите дела објавени на македонски јазик.

Од обемниот творечки опус на Клаудио Магрис, на македонски јазик се објавени книгите „Друго море“, во превод на Анастасија Ѓурчинова, „Микрокосмоси“ и „Запрена постапка“, во превод на Марија Грација Цветковска.

Клаудио Магрис е автор на дваесетина прозни и есеистички остварувања меѓу кои и на култниот роман „Дунав“. Делата на Магрис го поврзуваат личното искуство со колективната меморија, преку плодотворниот дијалог на културите и идентитетите кои опстојуваат на просторот помеѓу Средна Европа и Медитеранот.

Од 15 до 17 ноември Клаудио Магрис ќе престојува во Скопје, како учесник на манифестацијата „Недела на италијанската книга“, што се одржува во организација на Амбасадата на Италија во Скопје, Институтот „Данте Алигиери“ и Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Промовирање на родителското отсуство и за таткото на детето кое како опција постои во Законот за работните односи, но само ако не го користи работничката.

повеќе

(Полемика: „Стратегија за прашањето на користење на уставното име на Република Македонија во ООН“, Игор Јанев, МКД.мк, 11 ноември 2017)

повеќе

Зоран Заев од позиција на премиер удира во самите темели на асномска, антифашистичка Македонија.

повеќе