И „Арс Ламина“ донираше книги за училишните библиотеки во Општина Центар

Издавачката куќа „Арс Ламина“ беше дел од акцијата на Општина Центар за донација на книги на македонски и на англиски јазик за општинските основни училишта. Повод за оваа донација беше 23 април, Светскиот ден на книгата и авторските права, и целта беше збогатување на библиотеките, а со тоа и читањето и љубовта кон книгите кај основците.

„Имајќи ја предвид новонастанатата ситуација предизвикана од глобалната здравствена криза и од вонредните околности што го наметнаа онлајн-учењето и секојдневното користење на дигиталните платформи за комуникација во училиштата, оваа иницијатива претставува позитивен пример за моќта на книгата, како важен аспект за правилен интелектуален и емоционален развој на личноста кај децата“, истакна градоначалникот Саша Богдановиќ.

„Арс Ламина“ донираше голем број книги за деца, меѓу кои и изданија од наши автори, „Игра со именки“, „Игра со глаголи“, „Мариовски сказни – Пејови приказни“, „Преминот не е осветлен“, „Шарам-барам“ и многу други. Секако, не беа изоставени и бестселерите од светот на детската книжевност, како „Хари Потер и Каменот на мудроста“, „Мери Попинс“, „Авантурите на Хаклбери Фин“ и огромен број други дела.

„Како општествено-одговорна компанија секогаш со задоволство се вклучуваме во ваков тип иницијативи. Со оглед на тоа што учениците минуваат исклучително тешка учебна година и сосема веројатно го губат допирот со книгите, дониравме голем број изданија што ќе ја разгорат нивната љубов кон литературата“, истакна Александра Лукиќ-Камиловска, маркетинг-менаџер во „Арс Ламина“.

Во акцијата се вклучија шест издавачки куќи, книжарници и компании од целата земја и вкупно беа донирани 1.000 книги за основните училишта во Oпштина Центар.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе