„Житија на Блаже Конески“

Грчко литературно списание објави извонреден портрет на Блаже Конески

Грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ ("Χάρτης", Νο.18, Ιούνιος 2020) објави извонреден портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески“ (Συναξάρια του Μπλάζε Κόνεσκι ), проследен со преводи на седум песни од поетската ризница на нашиот најистакнат книжевник и лингвист, именувајќи го „корифеј на духовниот живот на соседна Северна Македонија“.

Уредништвото изразува жалење што преводите се посредувани, направени преку англиски преводи на поезијата на Конески, додавајќи: „бидејќи не знаеме македонски, а со цел песните на Конески да стигнат до грчкиот читател, овој избор беше направен и покрај неговите очигледни ограничувања“.

Пријателски интонираниот текст - илустриран со сјајниот портрет на академикот Конески, дело на Данчо Калчев, завршува со изразување надеж „дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе се заложат да ја препорачаат работата на Конески во нашата земја директно од оригиналот“.

Независно од напишаното преводите се многу добри. За поздравување се, особено, благородните намери што стојат зад оваа бележита објава на нашите грчки колеги по чисто книжевно перо и по искрена καλοκαγαθία. 🖋🖋

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе