Руското издание содржи околу 200 лирски единици и има задача да ја збогати претставата на рускиот читател како за неговото исклучително творештво, така истовремено и за вредностите на македонската литература во целина. Објавена е од рускиот издавач „У Никитских ворот".
„Многу ми е жал што авторот не ја дочека книгата. Македонската и светската книжевност пред една недела го изгубија големиот поет. Но, за среќа, луѓето заминуваат, а нивните дела остануваат. Вистинските писатели не умираат“, вели Панкина.