Саем на книгата

Голем интерес за македонската детска литература има на саемот во Франкфурт

Над 80 наслови од македонска детска литература од повеќе македонски издавачи денеска беа промовирани на Саемот на книга во Франкфурт. Според претставниците на Македонската асоцијација на издавачи, во последниве години расте интересот за детската литература меѓу издавачите, а особено барани се авторските дела на млади писатели за деца.

„Детската литература станува сè побаран производ на странските пазари. Нашите ’Бајки од Македонија‘ се преведени на англиски и германски јазик и веќе имаме најави за нивен конкретен пласман, пред сè во Германија. Во последниве години континуирано вложуваме во детската литература, поттикнувајќи нови помлади автори да се охрабрат и да пишуваат, што се покажа како многу успешно“ вели Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина – публикации“.

Гордана Војнеска од издавачката куќа „Култура“ вели дека според контактите кои до сега ги имала на саемот со странски издавачи, детската литература е една од најбараните производи. „Изненадува интересот кај нашите партнери за книги за деца. Ние веќе имаме успешно промовирани сликовници кои се преведени на англиски и германски јазик, но ова е поттик повеќе да инвестираме на ова поле, бидејќи очекувам овој тренд да расте и во иднина.“

Посетителите на македонскиот штанд, меѓу другото имаа можност да ги видат новите изданија на басни и бајки од Македонија, последната книга на авторката Билјана Црвенковска, „Супервештерката, мачката и шесте волшебни колачиња“, „Мистериозното јајце“ на Оливер Коларевски и „Тато, имаме приказна“ во издание на издавачката куќа „Арс Ламина“, како и сликовниците и детските изданија на издавачите „Култура“ и КСЦ „Полица“.

Интерес предизвика и новиот производ на издавачката куќа „Три“, „Мојата планум приказна“, која е еден поинаков интерактивен и креативен планер за ученици од основно и средно училиште, полн со специјално дизајнирани вежби кои се базираат врз методологијата на личен развој и позитивна детска психологија.

Под мотото „Магијата на македонската литература“, со над 400 наслови од 250 македонски автори, преведувани и наградувани, Македонија се претставува на Саемот на книга во Франкфурт кој се одржува до 15 октомври. Во фокусот годинава е привлекување на интересот на странските издавачи за македонската литература како и промоција на фондот на Министерството за култура за превод на македонската книжевност на странски јазици.

На 14 октомври во 12 часот во еден од промотивните центри на саемот ќе се одржи панел-дискусија на тема „Предизвиците на патот кон меѓународна афирмација на книжевност на ,малите јазици’“ на која ќе учествуваат претставници од Словенечката агенција за книга, еден од нашите најпреведувани автори Лидија Димковска, Стефано Бисачи, италијански агент и сопственик на агенцијата „Темпи иреголари“ и потпретседателот на Здружението на грузиските издавачи. Целта на овој настан е да се споделат искуствата околу предизвиците за успешна меѓународна промоција на дела и автори од помали земји што не се толку познати на светската сцена.

Претставувањето на Македонија на Саемот во Франкфурт годинава е во организација на Македонската асоцијација на издавачи, а финансиски е поддржано од Министерството за култура. Комесари на годинашното претставување на саемот се издавачките куќи „Три“, „Арс Ламина“, „Култура“ и КСЦ „Полица“.

Инаку 69. саем на книгата го отворија германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон. Двајцата лидери ветија дека ќе работат на унапредување на културната размена и зацврстување на европското единство.

„Без култура нема Европа“, истакна Макрон во својот говор додавајќи дека „книгите се нашето најдобро оружје“. Во својот говор Меркел нагласи дека двете земји би биле посиромашни без меѓусебното влијание на двете култури.

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе

Опкружени со балкански хипернационалности, Македонците мора да се борат со тезите дека се „измислен народ“. Всушност, сите идентитети, меѓу кои и грчкиот, се изградени наративи со темели во историјата и во митот. На Македонците им треба име што го потврдува нивниот вистински идентитет независен од Бугарите, Србите или Словените воопшто.

повеќе

Некои политички партии вртат големи суми пари од нивното јавно и приватно финансирање.

повеќе