„Генералот и пеперугата” нов роман на Луан Старова

Во издание на МАНУ, деновиве излезе од печат новиот роман на академик Луан Старова „Генералот и пеперугата".

Ова, најново дело на Старова, е вон повеќетомната ,,балканска сага’’ , со која Старова постигна видна афирмација во земјата и светот. Како мото, во романот не воведува мислата на Ромен Ролан: “пред бездната на смртта беше спасен од крилјата на пеперугата”.

Авторот во делото ја обаботува тематиката е од Првата светска војна, во кое, се посочува, Старова настојува низ поширок романескен зафат, да проникне во судбината на Македонија и нејзиното поблиско опкружување во текот на Големата војна, еден од најголемите воени судири на човештвото.

Во поговорот кон делото познатиот филозоф и писател Ферид Мухиќ го издвојува сегментот кога „воден од незапирливиот интуитивен – внатрешен глас! – дека на сртовите на планината Галичица ќе го најде мистериозниот примерок на легендарниот, речиси митолошки вид пеперуги, во својот научнички занес германскиот генерал Фриц Дагмар го игнорира фактот дека токму тука е поставена линијата на разграничување на фронтот; ја пречекорува оградата од боцкав тел, на која ја здогледал бараната пеперуга, и трча по неа влегувајќи на територијата зазедена од француската армија. Успева, на своја огромна радост, да ја фати мистериозната пеперуга, но не успева, на негова жалост, да им избега на војниците од француската гранична патрола”.

„Благодарејќи на оваа брилијантна драматуршка инверзија, романот “Генералот и пеперугата” прераснува во вистинска енциклопедија на хуманоста, во која идеите и концепциите карактеристични за времето (Првата светска војна) во кое се случува дејствието на романот вонредно успешно, што значи дискретно и ненаметливо, но суверено и уверливо, се надоврзуваат на современите научни сознанија и актуелните состојби во светот“, истакнува Мухиќ.


Стариот систем е неодржлив затоа што вродува со богатење на поединци наместо на општеството и граѓаните.

повеќе

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе