Предлог-изборот на оние културни субјекти кои би ја примиле донацијата беше на издавачката куќа „Слово“ и на македонските претставници во Форумот. Природно, Форумот на словенските култури е во комуникација и координација со Министерството за култура на Република Северна Македонија кое, преку свои претставници, учествува во креирањето на културната политика на Форумот и на нејзината реализација.
Инаку, овој проект повеќе години издавачки кај нас го реализира „Слово“ од Скопје, освен во три изданија во првите години реализирани од „Макавеј“ (2) и “Македонија литера“ (1). Досега кај нас се реализирани 15 изданија, значајни романи во рамки на споменатиот проект, од различни словенски земји. Во исто време, приближно толку романи на македонски романсиери се објавени во одделни земји членки на Форумот.