Формирано Македонско-турско писателско друштво на пријателство

На иницијативана повеќе македонски и турски писатели, деновиве во Скопје е формирано Македонско-турско писателско друштво на пријателство.

Координатор на ова ново писателско друштво на пријателство е Христо Петрески, а први членови на друштвото се и писателите: Русомир Богдановски, Мито Спасевски, Мишел Павловски, Кристина Николовска, Весна Мојсова-Чепишевска, Трајче Кацаров, Гоце Ристовски, Марина Мијаковска, Ерол Туфан, Славица Урумова-Марковска, Милован Стефановски, Зоран Пејковски, Стефан Марковски,  Виолета Танчева – Златева, Владимир Плавевски, Васил Тоциновски, Филиз Мехметоглу, Вања Изова Велева, Игор Крајчев, Емељ Туна, Елизабета Бандиловска, Виолета Мартиновска, Елена Пренџова, Биба Исмаил, Саво Костадиновски, Иво Митев, Снежана Паноска, Зоран Котевски и други.

Оваа иницијатива ја поддржува Турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Скопје, а се планираат заеднички писателски средби, стручни и научни собири, трибини, работилници, преводи и препеви, публикување изданија, награди и признанија...

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе