Фестивал на европска литература

Европски приказни - приказни вредни за раскажување

Издавачкиот центар Три овој месец го организира Фестивалот на европска литература „Европски приказни“, кој ќе се одржи од 25 до 27 септември, во Јавна соба.

Фестивалот што ќе ја претстави оваа оригинална едиција на книги предвидува неколку централни настани – гостување на две големи авторски имиња од Португалија и Грција – Афонсо Круш и Калија Пападаки, изложба на оригинални дизајнерски решенија на книгите од едицијата изработени од познати домашни автори, предавања, дискусии и работилници посветени на книжевниот превод кои ќе се одржат на Европскиот ден на јазиците, како и неформални средби и дружења кои имаат за цел да го доближат најдоброто од европската литература и да понудат поинакво искуство за љубителите на добрата книжевност.

Препознатлив по внимателниот избор на наслови, врвниот превод, оригиналниот дизајн и реализација, честите гостувања на автори, како и по сопствениот информативен блог-канал (prikazni.mk) – овој проект, реализиран со помош на програмата „Креaтивна Европа“ на Европската Унија и Министерството за култура, воведува нови практики и поставува повисоки стандарди во издаваштвото во нашата држава, а ја задоволува и големата потреба од оригинални и квалитетни дела кои се наменети и за помладата и за повозрасната публика.  

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе