Едукативни филмски работилници за деца

Регионалната платформа „Балкан синема ситис“ (Balkan cinema cities) во соработка со неколку центри за култура и фестивалот „Џифони Македонија“ месецов организира  едукативни работилници и проекции на филмови за деца во рамки на проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“.

Во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар утре ќе биде прикажан детскиот филм „Магичното огледало – двоја неволја“. Филмот беше претходно прикажан на фестивалот „Џифони Македонија“, а на 29 октомври ќе биде прикажан и во Центарот за култура „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци.

Во рамки на „Џифони Македонија“ беше одржана првата работилница „Готвиме филм“ за деца од 10 до 14 години заедно со Давор Панчевски (Dave’s Kitchen). Проектот вклучи уште една работилница –  „Сликаме филм“ која се одржа во Струмица под менторство на ликовниот уметник Љубомир Арнаудов, каде што децата ја цртаа омилената филмска сцена во различни техники.

Проектот „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм!“ е оригинален концепт чија цел е децата да се инспирираат да го развиваат својот креативен мускул. Идејата е да се развива креативноста и да се создадат можности за стекнување филмска писменост применлива во секојдневниот живот и развивање однос кон филмската уметност преку игра. Преку гледање на филмот и потоа дискусија, децата ќе учат како да го проследат филмското дело и да го препознаат жанрот, како и некои елементи во филмот“, соопшти „Балкан синема ситис“.

Настаните се распоредени во повеќе градови, односно региони во земјава, со цел што повеќе деца да имаат можност да ја развиваат креативноста затоа што, според организаторот, филмската едукација е важна иницијатива за развој на публика. 

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе