Дваесет романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“

 

 

Жири-комисијата за годинашната награда „Роман на годината“ што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а под генерално покровителство на „Комерцијална банка“ АД Скопје, во состав Николина Андова Шопова (претседателка), Милован Стефановски (писател), Весна Мојсова Чепишевска (професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“), Славе Ѓорѓо Димовски (писател) и Катерина Богоева (претставник на Фондацијата „Славко Јаневски“) од пристигнатите 38 романи во првата селекција одбра 20 наслови што ја продолжуваат трката за оваа престижна награда. Жири-комисијата, која ќе направи повеќе селекции до соопштувањето на награда, на својот состанок ја констатираше изедначеноста на квалитетот на пристигнатите романи и разновидноста на тематските и стилските определби на авторите.

Според пропозициите на наградата, жири-комисијата ќе треба да го соопшти името на лауреатот најдоцна до 15 март, додека свеченото врачување на наградата ќе се случи во првата половина од април.

Наградата „Роман на годината“ се доделува 21-ви пат. Неа ја востанови и ја доделуваше „Утрински весник“, сѐ до неговото згаснување во 2017 година, кога наградата ја презеде Фондацијата „Славко Јаневски“. Наградата „Роман на годината“ се состои од оригинална статуетка, плакета и паричен износ од 150.000 денари.

Прва селекција на романите за наградата „Роман на годината“ за 2019 година

1. „Молчи со отворена уста“, Снежана Младеновска Анѓелков, „Или -Или“ 

2. „Александар и Клеофила“, Паскал Гилевски, „Панили“

3. „Под друга капа“, Владо Јаневски, „Магор“

4. „Црна шума“ , Симеон Јанков, „Ми - Ан“

5. „Како станав Амадеус“, Трајче Кацаров, „Силсонс“

6. „Правта на библиотеките“, Митко Маџунков, „Три“

7.  „Мрежата на Мамли“, Блаже Миневски, „Матица македонска“

8.  „Пагански времиња“, Драги Михајловски, „Просветно дело“

9. „Песот со тажен поглед“, Оливера Николова, „Матица македонска“

10.„Сивиот плоштад“ - Сашо Огненовски, ПНВ Публикации

11. „Мемоари на задоцнетиот романтичар“, Божин Павловски, „Матица македонска“

12. „Краста на душата“, Владимир Плавевски, „Магор“

13. „Вилино“, Винка Саздова, „Три“

14. „Последните денови на Ханс“, Михајло Свидерски, „Или -Или“

15. „Цариградски емигрант“, Луан Старова, „Три“

16. „Години од слама“, Братислав Ташковски, „Панили“

17. „Аб'т“, Оливера Ќорвезироска, „Или -Или“

18.  „Вергина“, Јана Узунова, „Или -Или“

19. „Ура, Арал!“, Тања Урошевиќ,  „Темплум“

20. „Приказни за госпоѓица Сит“, Билјана С.Црвенковска, „Чудна шума“ 

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе