Два романи од Божин Павловски на англиски јазик

Во издание на „Грифин прес“ (Griffin Press) и АЕА (АЕА publishers) од Мелбурн, Австралија, од печат излегоа романите на Божин Павловски „Уткини соседи“ (Neighbouring the Owl) и „Роман за моето заминување“ (A Novel for My Departure) во превод на Елена Чаварела и под редакција на Бредли Досон.

Своевремено (1987) „Уткини соседи” беше закитен со три угледни литературни признанија: сојузната награда Железара Сисак и националните признанија „Стале Попов” и „Кочо Рацин”, додека пак „Роман за моето заминување” беше најпродавана книга на Саемот на книгата во 2005 година.

И овие два романа, како и претходните 12, до крајот на мај ќе доживеат свои дигитални изданија кај глобалниот издавач Киндл букс (Kindle Books).

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе