ДПМ: Книжевен жезол за Гордана Бошнакоска и Аднан Озер

Признанието „Книжевен жезол" што го доделува Друштвото на писатели на Македонија за значаен поетски опус, оваа година им се доделува на македонската поетеса Гордана Михаилова Бошнакоска и на поетот Аднан Озер од Турција.

Гордана Михаилова Бошнакоска е поетеса, раскажувачка, есеистка. Родена е во Битола, на 1 септември 1940 година. Школувањето го започнала во Скопје, од основно до завршување на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Работела во Македонската телевизија, како уредник на емисии од културата.

Објавила 14 книги поезија. Првата е „Времето го нема“ (1965), а најновата е „Куќа во куќа“ (2021), како и збирка раскази „Босфорско лето“ и романот „Потрага по приказна“. Застапена е во сите прозни и поетски антологии во Македонија и во странство, во звучната антологија на македонската поезија, што ја издаде Радио Скопје, во тематски антологии, како и во јубилејните изданија на Струшките вечери на поезија. Две телевизиски емисии се посветени на нејзината поезија и проза, како и антологијата „13 ѕвезди на словенското небо“ на бугарски јазик (Варна). Многумина писатели и литературни критичари од Македонија и странство пишувале за нејзиното творештво, а одбранети се и две магистратури за нејзината поезија, во Скопје и во Букурешт.

Зоран Павловиќ (Србија) ја објави студијата „Експликација на збирката поезија ‘Планини од картонски кутии’ од Гордана Михаилова Бошнакоска“. Оваа збирка ја понесе наградата на Струшките вечери на поезија „Браќа Миладиновци“. Збирката „Песна на ридот“ ја доби годишната награда на Друштвото на писателите на Македонија „Ацо Шопов“, како и награда на манифестација „Празник на липите“. Бошнакоска е носител на признанието „Витез на пишаниот збор“, академик е во „Академијата за литература и уметност“ во Варна (Бугарија), како и добитник на највисоката награда „Големо летечко перо“.

Во Бугарија е објавена поемата „Толкување на морето“ (превод Роман Кисјов) и поетскиот избор „Бескрајното“ (превод Анго Ангов). На албански јазик е објавен изборот „Во соништата на мирните момчиња“. Добитничка е на Фулбрајтовата стипендија за креативно пишување, со престој во САД. Учествувала на поетски манифестации во Европа и САД, како и на студиски престои во земји од Европа, САД и Канада.

Член е на ДПМ од 1964 година и член на македонскиот ПЕН центар.

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе