Донирани книги во Рускиот центар при УКИМ

Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, доби донација во книги од Домот на руското зарубежје „А.Солженицин” од Москва.

На Рускиот центар му беа предадени 300 книги за културата и историјата на Русија, на руските класици, речници, учебници по руски јазик.

Рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин истакна дека за скоро четири години од отворањето во јануари 2016 години, Рускиот центар станал органски дел на културно-општествениот простор на Северна Македонија и посакувано место за одржување на различни настани од интерес на пошироката јавност.

„Добро знаете дека во просториите на Рускиот центар можете бесплатно да го студирате рускиот јазик, да читате руски книги – периодика, да гледате филмови, да присуствувате на предавања итн. Овде секој има можност подобро да се запознае со најбогатата литература и култура на нашата многунационална Русија. Убеден сум дека ова книжевно богатство значително ќе помогне во работата на Рускиот центар“, рече Баздникин.

На Рускиот центар предавање ќе одржи и познатиот руски писател Алексеј Варламов.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе