ОТВОРЕН КОНКУРС

Домот на култура „Кочо Рацин“ од Скопје објави конкурс за книжевно-поетска работилница

ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ - Скопје, под покровителство на Град Скопје, објави Конкурс за учесници на книжевно-поетска работилница „Есенски креативен мозаик“. Целта на работилницата е развивање на креативното мислење и интелектуалното развивање на младите лица од средните училишта, студентите и на оние кои имаат афинитет кон пишаниот збор и креативното изразување.

Право на учество имаат лица до 35 години, кои ќе имаат можност да научат практично да ги пишуваат најрепрезентативните книжевни жанри: поезија, проза и драма. Модератор и организатор на работилницата е м-р Марина Мијаковска, додека работилницата ќе ја водат писателите: м-р Марина Мијаковска, д-р Славчо Ковилоски и Стефан Марковски.

За работилницата се предвидени четири термини (во сабота), во месец октомври 2017 година. Работилницата вклучува креативни вежби, практично креативно изразување, дискусии, дебати и евалуација на резултатите од креативниот труд. Најдобрите творби на учесниците ќе бидат објавени во Алманах за кој е предвидена промоција на истиот.

Место на одржување на работилницата е објектот на Домот на култура „Кочо Рацин“ (Дом на градежниците) во Скопје, а рокот за пријавување е 29 септември 2017 година.

Заинтересираните кандидати (со име, презиме, број на телефон) може да се пријават на следниов контакт: hristovskaj@yahoo.com.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе