Доделени наградите на 52. Детски Рацинови средби

Годинашните 52. Детски Рацинови средби вчера беа отворени со доделување награди од конкурсите за литературни и ликовни дела на тема „Белите мугри во светлината на денот“, на кои учествуваа ученици од повеќе основни и средни училишта во земјава.

Гран-при наградата  на литератирниот конкурс ја доби Софија Ичкова, втора година  од СОУ „Богданци“ од Богданци, а Гран-при наградата на ликовниот конкурс и беше доделена на Елена Ивчева, втора година од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес.

Во „Сокачето на поезијата“ пред Спомен-куќата на Рацин се одржа поетско читање на наградените творби. Учениците од повеќе училишта во земјава кои учествуваат на 52. Детски Рацинови средби  во Спомен-куќа на Рацин ги разгледаа неговите предмети, грнчарската работилница и изложбата за Коста Солев Рацин.

Манифестацијата денеска  во Велес продолжи со Поетски караван во градинките, основните и средните училишта и во Ученичкиот дом. Ќе заврши попладне во Ликовниот салон каде што ќе биде промовирана книгата за деца и млади „Приказни од мојот крај“ на Лила Арсова.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе