Доделена наградата „Вавилон" за најдобар млад преведувач

По седми пат, Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и Здружението на преведувачи и толкувачи ЗПРМ ја доделија Наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон" по повод Европскиот ден на јазиците. Дејвид Гир, амбасадорот на Европската Унија и Огнена Никуљски, претседателката на Организациониот одбор на наградата „Вавилон", ги доделија наградите на победниците на церемонијата што се одржа на 25 септември во Europe House.

Оваа година, првата награда му беше доделена на Сашо Данилов, за неговиот превод на делото „Телефонската говорница на другата страна од мостот" од Аријане Грундис, од германски на македонски јазик и на Ардита Зулфиу за нејзиниот превод на делото „Место на чекање" од Соња Хернандез, од шпански на албански јазик. Наградите за второ место беа доделени на Благица Димитрова, за преводот на „Господин Плата" од Сали Руни, од англиски на македонски јазик, и на Кристина Стаменкова за нејзиниот превод на „Месечевата дама" на Андреа де Карло, од италијански на македонски јазик.

Наградата „Вавилон", иницирана од Делегацијата на Европската Унија во 2013 година, настојува да се промовираат младите преведувачи, како и да се поттикне извонредност во преводот на книжевни дела.

Конкурсот е отворен за млади преведувачи до 26 годишна возраст, кои може да се пријават на конкурсот со превод на книжевни дела од некој од 24 службени јазици на Европската Унија на некој од јазиците што се зборуваат во земјата.

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе