МАКЕДОНИЈА ПРЕЗЕНТ

Добитник на наградата „Гоцева мисла“ е д-р Данијела Костадиновиќ од нишкиот универзитет

Во пресрет на 4 февруари, роденденот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, годинашната меѓународна награда „Гоцева мисла" и се доделува на д-р Данијела Костадиновиќ од Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш (Србија).

Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, а досегашни добитници на наградата се Златко Крамариќ (Хрватска) и Олга Панкина (Русија). Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев и неговата знаменита мисла „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Данијела Костадиновиќ наградата ја добива за севкупниот ангажман и придонес на планот на афирмацијата и презентацијата на македонската литература и култура во странство, посебно со нејзините бројни текстови,  преводи и книги од македонски автори на српски јазик.

Инаку, Данијела Костадиновиќ (1973) е автор на делото „Психолошкото во романите на Абаџиев и Георгиевски: екстровертните и интровертните психолошки типови во романот ’Пустина‘ од Ѓорѓи Абаџиев и тетралогијата ’Црно семе‘ од Ташко Георгиевски“.

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе

Кога знаеме како функционира кризата на претставеност, можеме да спречиме повторување на историјата, кое можеби овој пат би имало и многу полоши последици по демократското општество.

повеќе

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе