РАЦИНОВИ СРЕДБИ

Добитници на „Рациново признание“ за 2016 година се Владимир Јанковски и Сашо Димоски

Комисијата во состав проф. д-р Јелена Лужина, проф. д-р Елизабета Шелева и писателот Димитрие Дурацовски одлучи оваа година наградата рамноправно да ја поделат двајца автори - Владимир Јанковски за романот „Невидливи љубови“ и Сашо Димоски за книгата „Петтото годишно време“.

„Констатиравме како жири дека најинтригантните книги пријавени на годинашниот конкурс – најиновативни ’во форма, структура и содржина‘, како што стои во конкурсните одредби, ги имаат напишано токму најмладите македонски прозаисти. Годинашното ’Рациново признание‘ ја поддржува и ја афирмира токму најмладата македонска проза, а комисијата својата одлука ја заклучува со убедување дека македонските издавачи и автори ќе ја препознаваат и во иднина ќе ја поддржуваат токму ваквата профилација на оваа респективна награда“, стои во образложението за наградата што од име на комисијата го искажа проф. Јелена Лужина.

Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозна книга што е иновација во форма, структура и содржина и што ја одбележала годината помеѓу двете „Рацинови средби“.

„Почесното Рациново признание“ за придонес на афирмација на македонската литература надвор од границите на земјава, годинава го доби преведувачот Борислав Павловски. Тој дипломирал на Филозофскиот факултет во Загреб, каде и што магистрирал и докторирал на драматургијата на Коле Чашуле. Од македонски јазик на хрватски јазик превел 21 драма и 13 романи.

На добитниците наградите ќе им бидат врачени на церемонијата на свеченото затворање на 53. „Рацинови средби“, што ќе се одржат на 9 и 10 јуни во Велес. На отворањето на книжевната манифестација, на 9 јуни, ќе бидат врачени и поетската награда „Антологија на болката“ и Твитер-наградата „Напиши љубов во 140 карактери“. Дел од содржината на манифестацијата се и изложби, промоции, перформанси, како и процесијата „1000 свеќи за Рацин“.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе