Во Струмица

Деветто издание на „100 Илјади поети за промена“

Во Струмица вечер ќе се одржи деветтото издание на поетската манифестација „100 Илјади поети за промена“.

Годинава здружението „Контекст – Струмица" е домаќин на девет интернационални поети: Томаш Јонаш (Украина), Марко Видал (Шпанија), Том Филипс (Велика Британија), Петер Андреј и Мојца Андреј (Словенија) Сотуриос Пастакас и Ефтимиос Ленѕас (Грција), Иван Христов и Петар Чухов (Бугарија). Од Република Северна Македонија исто така се најавени дваесетина поети гости, меѓу кои: Исток Улчар, Рина Јанкуловска, Андреј Ал-Асади, Диме Данов, Марина Икономова Шокева, Ненад Јолдески, Сузана Мицева, Љупка Антеска, Марко Салџиевски, Цветанка Колева, Игор Трпчески, Даниела Андоновска-Трајковска, Милчо Мисоски и др.

Настанот ќе го модерира и води Митко Гогов, стихови од поетите гости на македонски јазик ќе интерпретира Мариета Дукиќ, а освен поетските читања предвидена е изложба на плакати, промоција на зборникот со дел од застапените автори, музички перформанс на Брука Бенд, како и воншколска активност со учениците од ОУ „Маршал Тито", со иницијативата „Прочитај песна на дете" (Read A Poem To A Child).

Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација „100 Thousand Poets for Change" – меѓународна манифестација која годинава се оддржува во повеќе од 60 држави во светот, со повеќе од 600 закажани настани, а нашата држава и Струмица се дел од самото движење уште од самиот почеток. 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе