Во чест на великанот Анте Поповски

Девет стихозбирки во конкуренција за наградата „Антево перо“ 2021

Оваа година на Конкурсот за наградата „Антево перо", која се доделува како исклучително поетско признание за необјавена стихозбирка на македонски јазик и се организира во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски, се пристигнати 69 авторски ракописи, од кои се издвоени девет. Жири комисијата во состав: проф. д-р Венко Андоновски, (претседател) д-р Атина Цветаноска и Жорж Поповски (членови), изрази задоволство и благодарност за нагласената заинтересираност од авторите, кои и оваа година испратија квалитетни и одлични збирки поезија.

Жири комисијата смета дека Конкурсот за наградата „Антево перо" за 2021 година, понуди мноштво свежи и успешни поетски остварувања кои со својата тематска и естетска вредност понудија уникатност во поетскиот израз и особена иновативност во поетската експресивност. Покрај авторите од Македонија, за меѓународниот карактер на Конкурсот и на целата Манифестација, годинава се погрижија и поети кои живеат и творат во Австралија, Шведска, Турција и Италија, испраќајќи свои стихозбирки, согласно конкурсните пропозииции - на македонски јазик.

По темелно, разгледување, анализа и дискусија за секое од пристигнатите авторски дела, Жири комисијата на својот прв состанок, издвои 9 поетски книги, кои се во поширок избор за наградата и тоа: „Ѕвезден часовник" на Димитар Арнаудов, „Хаику дневник" на Васко Марковски, „Небесни разговори" на Братислав Ташковски, „Сите болки станаа мои" на Елизабета Баковска, „Опит", Сузана Мицева, „Чудна пролет ќе ти раскажам" на Емељ Туна, „Божицата што ја фати провев" на Анета Велкоска, „Позлатено распетие" на Ивица Челиковиќ, и „Светец" на Ирена Павлова Де Одорико. Редоследот на номинираните нема вредносно значење.

Жири комисијата и оваа година со особено задоволство го нотираше интересот кај младите автори за учество на конкурсот што го распишува Меѓународната поетско-културна Манифестација „Анте Поповски - Антево перо". Од овие причини во поширока конкуренција за наградата „Антев часовник", која е востановена со цел афирмација на македонскиот јазик меѓу млади творци со евидентна книжевно-поетска дарба, стручната комисија издвои пет книги поезија и тоа: „Круг на права линија" на Софија Тодороска, „Сонот на лавовските срца" на Матеа Талеска, „Молитвени дискурси" на Андреј Медиќ Лазаревски, „Твоите далги на брегот на Стикс" на Марија Филипова и „Мечти" на Мартина Даниловска. И во овој случај, редоследот на номинираните нема вредносно значење.

На следната средба комисијата ќе го стесни изборот за наградите за што ќе следи ново соопштение

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе