Десет книги за античката филозофија од академикот Витомир Митевски

Деновиве во издание на „Матица македонска“ се појави авторската едиција во десет книги на академик Витомир Митевски под заеднички наслов Античката филозофија и нејзиното влијание. Таа е резултат на дводеценискиот проект на авторот и всушност претставува серија од монографски дела од кои секое обработува една тематска целина.

Првите шест книги поодделно се посветени на: Раната старогрчка философија на Сократ, Платон, Аристотел, Хеленизам и Рим и Доцна антика. Потоа следат четири книги кои го обработуваат влијанието на античката филозофија низ вековите сè до наше време: Античката философија и Византија, Античката филозофија и средновековието на Запад, Античката филозофија и западното нововековие и Античката филозофија и словенскиот свет. За одбележување е што изданието во целина по својата сеопфатност и темелност е реткост во светската филозофска литература. Настојувањето на авторот да се изразува со едноставен стил и јазик овозможува и некои посложени филозофски проблеми да бидат разбирливи за пошироката читателска публика.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе