Денови на македонските издавачи ќе се одржат во ДПМ

Од 20 септември Друштвото на писателите на Македонија го започнува проектот „Денови на македонските издавачи“ посветен на најновата книжевна продукција и доближување на книгата до читателите.

Отворениот проект на ДПМ ќе овозможи до крајот на годината издавачите, преку промоции, дебати и портрети, да ги претстават делата и авторите опфатени во нивните програми. Акцентот е ставен на книгите објавени во Македонија во тековната година, при што ќе бидат претставени писатели од сите генерации. Љубителите на литературата ќе имаат можност да присуствуваат и на презентација на дела од наши автори објавувани на други јазици.

Друштвото на писателите на Македонија во рамките на оваа манифестација ќе одржи дебата посветена на состојбата на книгата, статусот на авторот, заштитата на авторскиот труд, како и за актуелните проблеми во издавачката дејност, книжарството и библиотеките.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе