Денеска во библиотеката „Браќа Миладиновци“ чествување на Гане Тодоровски

Чествување на Гане Тодоровски денеска на пладне ќе се одржи во Градската библиотека „Браќа Миладиновци" – Скопје.

На средбата посветена на 90 години од неговото раѓање беседа за големиот македонски поет ќе одржи писателот Раде Силјан, а стихови од неговото творештво ќе интерпретира актерот Томе Витанов.

Гане Тодоровски беше роден на 11 мај 1929 година, а почина на 22 мај 2010 година. Бардот на македонската поезија Гане Тодоровски зад себе остави големо богатство од книги, научни истражувања и препеви.

Тој беше исклучителен поет, преведувач, професор и член на МАНУ, книжевен теоретичар, општественик, историчар и публицист. Неговото дело е високо вреднувано од македонската книжевна и научна јавност, тој е преведуван на многу светски јазици и е добитник на највисоките книжевни награди во Македонија. 

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе