Денеска промоција на книга со колумни на професорот Ѓорѓи Марјановиќ од 1998 до 2006

Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ" и Правниот факултет „Јустинијан Први" денеска ќе промовираат книга „Колумни" на професорот Ѓорѓи Марјановиќ. Содржи 329 колумни пишувани за „Дневник" од 1998 до 2006 година.

-Книгата нема да се продава на „традиционален“ начин, туку ќе се добива со донирање износ по сопствен избор, Приходите кои Фондацијата ќе ги обезбедува на овој начин ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, деца на самохрани родители, невработени лица, лица со попреченост и останати ранливи категории. На овој начин Фондацијата ќе се обиде на овие лица да им помогне да станат финансиски самостојни со што ќе направи Македонија еден ден да им стане пристојно место за живеење, соопштија организаторите. Изданието е достапно за преземање и во електронска верзија. на адресата: http://bit.ly/10kolumni

Фондацијата соопшти дека продолжува да ги реализира активностите на Ѓорѓи Марјановиќ кои во  1984 година почнаа со неговата битка за укинување на вербалниот деликт како предуслов за развој на демократијата и создавање повеќепартиски систем во тогашната СФРЈ и, како што посочува, со сѐ она што тој се обидел да го реализира со првата политичка партија во Македонија – Лигата за демократија.

-Со активности директно поврзани не само со оваа цел, туку и со афинитети по кои јавноста го познава професорот Марјановиќ – неговата љубов кон книгата, музиката, уметноста, планинарењето, неговите способност за дебатирање. Со оглед на тоа што тој на рана возраст ги губи и таткото и подоцна очувот (чие презиме цел живот го носи), во главен фокус на активностите на фондацијата ќе биде помошта за школување и вработувања деца без родители, деца на самохрани родители, но и останати ранливи категории, соопшти Фондацијата.

Во амфитеатарот на Правниот факултет денеска напладне книгата ќе ја промовираат Владимир Петрушевски-Фили, претседател на Фондацијата, нејзиниот извршен директор Александар Марјановиќ, Бранко Секуловски – судија во пензија и  Александар Дамовски – еден од основачите на „Дневник“. 

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе