Денеска почнува 31. Саем на книгата

Во ВИП Арена „Борис Трајковски" денеска од 10 часот ќе биде отворен за посетители 31. Меѓународен саем на книгата, кој ќе трае до 14 мај. Работното време во седумте саемски денови е од 10 до 20 часот.

На саемот ќе учествуваат околу 70  издавачи, а посетителите ќе може да купат книги со саемски попуст. Понудата е разновидна – од белетристика до научни и стручни книги, енциклопедии, литература за деца… Ќе има и околу 30 промоции во промотивниот центар во ВИП Арената.

Покрај домашни, најавено е и учество на издавачки куќи од Србија, Косово, Албанија, Данска и од  Унгарија, чија книжевност е во фокусот на годинашниот Саем на книгата.

Официјално Саемот на книгата вечер ќе го отворат министерот без ресор Зоран Шапуриќ и извршниот директор на Скопски саем Даниeла Глигоровска. Поздравни обраќања ќе имаат и  академик Влада Урошевиќ, претседателката на Друштвото на писателите Соња Стојменска- Елсезер и гостите од Унгарија – писателот Ласло Багоши и Тамаш Мензер, државен секретар на унгарското Министерство за надворешни работи.

Влезниците за саемот се по цена од 30 денари, односно 20 денари за групни посети. За полесен и директен пристап на посетителите до ВИП Арена „Борис Трајковски“, ЈСП „Скопје“ и оваа година воведува две вонредни автобуски линии од населбите Ново Лисиче (бр. 100) и Дексион (бр. 200).

Саемот на книгата втора година се организира во спортската сала „Борис Трајковски“ по затворањето на халите на старата локација. Од Скопски саем велат дека работат на изнаоѓање трајно решение за нов простор за саемски презентации, а дотогаш ВИП Арената е инфраструктурно најсоодветен заменски простор.

Според Скопски саем, лани имало и повеќе посетители од 2017 година, а некои од издавачите минатата година оценија дека спортската сала била солидно адаптирана и променетата локација не го сменила духот на манифестацијата.

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе