Мостар

Дариа Матевски од „Јахја Кемал“ во финалето на фестивалот „Деца поети” во Мостар

Осмооделенката Дариа Матевски од ПСУ „Јахја Кемал“ и нејзината професорка Антоанета Тримчевиќ учествуваа на фестивалот „Деца поети“, што одна 1 и 2 февруари годинава се одржа во Мостар, Босна и Херцеговина. Фестивалот се организира во чест на поетот Алекса Шантиќ.

Како што информираат од ПСУ „,Јахја Кемал“, Дариа Матевски со нејзината песна „Ѕвезди“ влегла во финалето на овој седми литературен фестивал и освоила награда „Најубава песна на македонски јазик“.

 На фестивалот пристигнале 2.000 литературни творби и биле избрани 30 финалисти од земјите на поранешна Југославија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Северна Македонија. 

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе