„Чoвечулец“ на Александар Прокопиев објавена на бугарски јазик

Познатото софиско книгоиздателство „Персеј“ го објави бугарскиот превод на збирката раскази „Човечулец“ од Александар Прокопиев. Преводот од македонски е на Деница Проданова. Со тоа се заокружуваат преводите на „Човечулец“ на балканските јазици – турскиот, српскиот, хрватскиот, бугарскиот и албанскио. Книгата, добитник на угледната награда „Балканика“ за 2011, досега е објавена и во Британија, Италија, Полска, Египет...

Издавачот на читателите вака им го препорачува „Човечулец“: „Оригинален, со чувство за хумор и ерудиција, автор за сите поколенија, Александар Прокопиев напишал волшебна и остроумна книга, што ќе ни даде уникатно читателско уживање.

Тој раскажува за вината и прошката, за товарот на победите и поразите. Неговите сижеа преплетуваат современи стории со приказни, легендарни и митолошки мотиви. Така писателот прави свои интерпретации на „Дивите лебеди“ и „Снежана“ или ни го покажува светот низ очите на грдото вонбрачно дете, на човекот со едно крило кој се пресвртува во цар на птиците, на туѓинецот што припитомил змиулче, на алхемичарот кој се обидува да создаде човече под стаклено ѕвоно“.

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе