Четврто издание на „Креативни точки“

Во четврток, 4 октомври 2018, со почеток во 20.00 часот, во „Менада" во Скопје ќе се одржи четвртото издание на литературно-музичката манифестација „Креативни точки 2018". Предвиден е настап на млади, но веќе афирмирани автори, прозаисти и поети. Организатор е Центарот за култура и културолошки студии, со учество на Женскиот хор „Менада" од Тетово.

Манифестацијата нуди можност, преку заедничка креативна работа творците да ги споделат искуствата и да предложат дела со високи уметнички вредности, кои едновремено засегаат во секојдневното живеење на младата генерација.

Искуството од претходните три изданија на манифестацијата говори дека таа придонесува за помасовна рецепција на литературното творештво и нуди интересна, интензивна, динамична и раздвижена културна програма

На манифестацијата ќе биде промовиран и Зборникот „Креативни точки“, со дела од учесниците на претходните три манифестации. Промотори се Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев, а издавач е Книгоиздателствоот „МИ-АН“ од Скопје. Во Зборникот се застапени: Јован Павловски, Оливера Ќорвезироска, Петар Андоновски, Митко Апостолов, Mитко Гогов, Катерина Гогова, Ана Голејшка, Живко Грозданоски, Ѓоко Здравески, Јован Илиевски, Томислав Каранфиловски, Ѓорѓи Крстевски, Владимир Лукаш, Калина Малеска, Марта Маркоска, Фросина Пармаковска, Елена Пренџова, Перо Сарџоски, Биљана Стојановска, Давор Стојановски, Небојша Стојаноски, Снежана Стојчевска.

Во предговорот на Зборникот, Лорета Георгиевска - Јаковлева вели: „Концептот на ‚Креативни точки‘ беше инспириран од една, би рекла, несекојдневна состојба. Имено, станува збор за млади писатели, најголемиот дел родени во осумдесетите или малку пред и по нив, кои не само што професионално соработуваат, што не е ни така редок случај, туку нивните контакти се протегаат и во сферата на приватното. Сознанието дека нивните средби и дружби се речиси секојдневни, ни го наметна прашањето: Дали кога и во професионалното и во приватното главен јунак на приказната е самата книжевност, таа може да се надвиши над просечното и да открие нови светови во светот кој и не е така пријатно место за живеење? Посреден одговор на ова прашање се обидува да даде Зборникот од трите изданија на манифестацијата „‚Креативни точки‘“.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе