Чествување по повод 90 години од раѓањето на Матеја Матевски

Со изборот од поезијата „Дождови – 90 песни" од Матеја Матевски, приредено од поетот Раде Силјан, денеска во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив" во Скопје, книгоиздателството „Матица македонска" ќе ја одбележи деведесгодишнината од раѓањето на големиот македонски поет.

„За богатиот опус на Матевски и за неговото значење во современите текови на македонска литература ќе говорат академик Витомир Митевски и писателот Паскал Гилевски. Стихови ќе читаат македонски писатели, следбеници на неговото дело, а свеченоста ќе ја збогатат македонските музички виртуози Драган Даутовски и Васил Атанасов“, информираат од „Матица македонска“.

Матеја Матевски (Истанбул, 1929 – 2018, Скопје) спаѓа во редот на челниците на современата македонска литература. Тој е автор на дваесет и четири поетски книги, на седум книги со критики и есеи, а преведе на македонски јазик шеесет книги од шпански, француски, руски, српски и други јазици. Добитник е на национални и меѓународни награди. Во 2011 година беше носител на престижната меѓународна награда „Златен венец на Струшките вечери на поезијата“.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе