Божин Павловски на Саемот на книгата ќе го потпишува својот најнов роман „Мемоарите на задоцнетиот романтичар“

В среда, 8 мај, на Саемот на книгата, за првпат ќе се појави романот на Божин Павловски „Мемоари на задоцнетиот романтичар". Според еден од повеќето рецензенти: „Кој ќе ја прочита оваа книга, ќе порасне во сопствените очи".

Некој ова дело ќе го доживее како љубовен роман, друг како жестока полемика со едно сурово време, трет како социјална драма, за некого тоа ќе биде романизирана автобиографија, ниту еден читател нема да остане рамнодушен откако ќе ги помине сите 362 страници на ова дело со сочни дијалози и класична композиција. Во него како на филмска лента се редат најважните моменти од животописот на главниот херој кој себе се нарекува Епилептико.

По катастрофалниот земјотрес што го разорил главниот град Скопје, Македонија непосакувано го привлекла планетарното внимание. Епилептико најболно ја доживеал следната констатација објавена во најугледните светски весници: „Во оваа мала земја една книга делат седум граѓани  додека во поразвиена Европа седум книги годишно му припаѓаат на секој граѓанин”.

Според многумина тоа било за „Верувале или не” на Рипли.

Но, токму 22 годишниот Епилептико се амбицирал да учествува во еден романтичарски потфат со кој Македонија ќе му побегне на Рипли и неговите „Верувале или не”. 

Навистина тоа и се случило: пет години пред распадот на Југославија статистиката констатирала чудесна промена: „Во Македонија на секој граѓанин му припаѓаат по четири книги годишно, наспроти осумте во поразвиена Европа”. Конечно му побегнавме на Рипли и веќе нема да бидеме казнувани од историјата затоа што не поседуваме книги, одушевено заклучува Епилептико со солзи во очите и куфер во рацете, миг пред да се отсели во далечна земја.

Рецензентите ја цитираат познатата изјава на Набоков: „Голема мечта на секој писател е да го претвори читателот во гледач” и веруваат дека Божин Павловски успеал во тоа.

Овој наш романсиер, добитник на пет меѓународни награди со над 70 странски изданија на своите дела, ќе допатува во својата прва татковина и на штандот на „Матица” ќе го потпишува најновиот роман „Мемоари на задоцнетиот романтичар”.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе