Божин Павловски се враќа во Австралија да го напише романот што недостасува

Романописецот Божин Павловски преку својот фејсбук-профил најавува дека наскоро ќе се врати во Австралија да го напише романот „Пат за Ахасферија" или „Пат за никаде".

Еве го неговиот пост:

„По шест месеци живот во мојата убава Македонија со вознемирени граѓани, во која селидбите не престанале со децении, за жал, повторно си го подготвив куферот. Недостасува клучниот роман во мојот опус на „Романи создадени отаде морињата”. Дали „Пат за Ахасферија” ќе биде „Пат за Никаде” со оглед на тоа што задоцнетиот и презрен национален романтизам треба да го конфронтирам со суровата реалност на глобалните феномени - останува да видиме. Нели долги 30 години издавам неделни весници за нашите луѓе во далечни земји? На фарми, по рударски градови, пристаништа, во саваната, по градилишта, во далечни населби го предавам македонскиот литературен јазик? На слободен пазар, ако сакаат - ќе одат да те купат во продавница, ако не сакаат - ќе си завршиш како валкана хартија. Одам да откријам што побрзо дали љубовта за родниот крај доживеала глобални трансформации. „Пат за Ахасферија” е пред мене, драги мои пријатели...“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе