НОВА КНИГА

„Бегемот“ го објави делото „Уште еден ден живот“ од полскиот репортер Ришард Капушќињски

Издавачката куќа „Бегемот“ го издаде едно од најважните репортерско-новинарски дела на култниот полски репортер Ришард Капушќињски - „Уште еден ден живот“. Делото ја опишува катастрофалната граѓанска војна во Ангола, која траела речиси триесет години, за која од местото на настанот како сведок известува Ришард Капушќињски. Делото е во превод на Лидија Танушевска.

Каков живот, при крајот на 20-иот век, треба да го сметаме за „обичен“? Што е „нормално“ во нашата ненормална епоха? За многумина од нас дефиницијата на обичност сѐ уште се врзува со поими како што се мир и стабилност. Во продолжение би сакале, можеби, да си го замислуваме секојдневниот живот како подложен на постојан ритам, потпрен на востановени, повторливи општествени шаблони.

Творештвото на Ришард Капушќињски произлегува од свеста дека таквите конвенционални описи на реалноста денес имаат толку ограничена примена, што во извесна смисла станале фикција.

„Уште еден ден живот“ е книга за бурното раѓање на независната Ангола. Тоа е и фантастична демонстрација на уметноста на пишувањето, полна со трогателни, надреалистични слики, кои веќе станаа препознатлив знак за Капушќињски – напишал Салман Ружди во поговорот со наслов „Известување од кошмарот“.

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе