„Арно ама“ од Калина Малеска, прва книга за деца во издание на „Или-или“

Во театарот „Сенки и облаци“ вечер од 19 часот ќе биде промовирана првата книга за деца во издание на „Или-или“, „Арно ама“ од Калина Малеска.

„Арно ама” е збирка раскази во кои протагонисти се две братчиња, Дамјан и Марко, и нивните другарчиња од населбата во која живеат. Иако секој расказ е завршена целина, сепак, со оглед на тоа дека дејството се одвива хронолошки во текот на една година, книгата истовремено може да се чита и како роман. Специфичноста на овие раскази се нивните впечатливи ликови кои не се идеализирани, туку имаат карактеристики на реалните деца… Впечатлив белег на книгата даваат и заводливите и луцидни илустрации на Владимир Лукаш, кoи ги оживуваат предметите и суштествата“, соопшти „Или-или“.

Книгата ќе ја претстави писателката Оливера Ќорвезироска, а промоцијата ќе биде придружена со настап на екипа од театарот „Сенки и облаци“ која ќе одигра претстава според еден од расказите.

„Арно ама“ е прва книга за деца на Малеска, која досега ги има објавено збирките раскази „Недоразбирања”, „Именување на инсектот” и „Мојот непријател Итар Пејо”, романите „Бруно и боите” и „Призраци со срмени нишки” и драмата „Случка меѓу настани”.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе