КНИЖЕВЕН ПРЕВОД

„Антолог“ објави роман за авантурите на еден бугарски револуционер

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го најави излегувањето од печат на романот „Возвишување“ од бугарскиот писател Милен Русков. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија во 2014 година, како и на наградите „Златен век“ на Министерството за култура на Бугарија и на националната книжевна награда „Христо Г. Данов“. Преводот на македонски е на Душко Крстевски.

Дејството во „Возвишување“ се случува во Бугарија во 1872 година. Ова е време на самообразование и на преданост кон идејата за ослободување од угнетувачите. Претенциозниот раскош на револуционерните идеи се пробива и до свеста на две момчиња, чесниот полуобразован Гичо и неговиот наивен пријател, клептоман, Асен. Вооружени со пиштоли и со книги, од градот Котел тргнуваат да се приклучат на група разбојници револуционери. Со нив учествуваат во кражба на турски даночен конвој кај преминот Арабаконак – настан што ќе го означи пресвртот во нивните трагикомични авантури.

Овој напад е добропознат во историјата и поттикнал силна и безмилосна реакција на корумпираните османски власти и довел до масовни апсења и уништување на Внатрешната револуционерна организација.

Според оцените на критиката, поради оригиналната тематика и стил, „книги како оваа ниту се пишуваат лесно, ниту се објавуваат често“.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Милен Русков (роден 1966) е бугарски писател и преведувач. Докторанд е по лингвистика. Автор е на три романи, сите наградувани со различни книжевни признанија. Како преведувач од англиски, превел дваесетина книги од автори како Томас де Квинси, Џером К. Џером, Мери Шели, Мартин Ејмис, Рави Хаж.

Душко Крстевски е роден во Скопје, на 22 мај 1981 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Магистранд е по филолошки науки. Бил предавач по македонски јазик и литература. Автор е на една книга поезија и на голем број есеи објавени во периодиката. Учествувал на повеќе поетски фестивали, како и на семинари и на летни школи по филологија. Работи како наставник по македонски јазик во Меѓународната гимназија НОВА. Преведува од бугарски, хрватски и од српски јазик.

Историјата не е политички договор за добрососедство, туку сеопфатна студија за минатото, од која треба да се влечат поуки за сегашноста и патокази кон иднината.

повеќе

Владата и Министерстовто за култура треба да се дистанцираат од овој т.н. марш и да прекинат да го поддржуваат.

повеќе

Приказната ја почна новиот премиер со изјавата дека сме с'штиот народ, а ја продолжи екс-премиерот Георгиевски со својот пост на својот фејсбук профил.

повеќе