Книжевен превод

„Антолог“ објави роман од Сара Стридсберг – членка на шведската Нобелова академија

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Бекомберја: ода за моето семејство“ од шведската писателка Сара Стридсберг. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија за 2015 година. Преводот на македонски јазик е на Ивица Челиковиќ.

Романот „Бекомберја: ода за моето семејство“ е базиран на детските спомени на авторката од времето на нејзините посети на „Бекомберја“, најголемата душевна болница во Шведска и една од најголемите во Европа во 20. век, со две илјади пациенти.

Во средиштето на дејството се наоѓаат Џеки и нејзиниот татко, Џими Дарлинг. Тој со леснотија ги засмејува луѓето, иако во исто време негува чудна пасија кон смртта. Кога мајка ѝ Лоне ќе отпатува кон Црното Море, душевната болница во која престојува татко ѝ се претвора во единствениот постоен свет за Џеки. Од различните мигови и зони на сонување и стварност постепено се гради тажна и восхитувачка приказна. „Бекомберја“ станува искривен некролог на државата на социјалната сигурност, раскажан со заносен јазик. Сара Стридсберг со широко отворени очи ги рехабилитира загрозените и замолкнатите.

Во 2015 година романот ја доживеа и својата театарска поставка. Според критиката, ова е книга што „го лизга читателот во расположение во кое границата помеѓу нормалноста и лудилото веќе не постои“.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Сара Стридсберг (1972) е шведска писателка и преведувачка. Нејзиното творештво е инспирирано од Маргарет Дирас и Елфриде Јелинек. Првиот голем творечки пробив, како на домашен така и на меѓународен план, го доживува со „Факултетот на соништата“ (2006), за кој ѝ е доделена наградата за литература на Нордискиот совет. Во 2016 година е избрана на столот број 13 во Шведската академија, која ја доделува Нобеловата награда.

Ивица Челиковиќ (Скопје, 1962) е поет, раскажувач и преведувач. Студирал новинарство во Скопје и во Гетеборг, Шведска, каде што живее и работи. Член е на Друштвото на писатели на Македонија и на Сојузот на шведски писатели. Добитник е на повеќе награди и признанија. Превел триесетина дела од познати шведски писатели на македонски јазик. Преведува и македонска литература на шведски јазик.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе