КНИЖЕВЕН ПРЕВОД

„Антолог“ ја објави комичната приказна „Нема друга“ од Јела Кречич

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави романот „Нема друга“ од словенечката писателка Јела Кречич, сопруга на Славој Жижек, оригинална и комична приказна за сложените човекови односи во современите времиња. Преводот на македонски јазик е на Драгана Евтимова.

По разделбата со долгогодишната девојка, Матјаж паѓа во тешка депресија. Но, по некое време, донесува одлука дека патот до нејзиното срце води преку друга врска. Односно врски. Но планот излегува позамрсен од тоа што очекувал. Тој тргнува на одисеја од „мувања“ на една вечер со редица девојки по познати места во Љубљана, но и од поранешна Југославија. Средбите и жените се најразлични, но Матјаж секогаш доаѓа до истиот заклучок: дека нема друга како бившата.

Југословенската историја е секогаш во заднината на овој роман. Постои одредена доза на (наводна) носталгија за старите добри денови, но Матјаж живее со една поинаква, посилна носталгија, за деновите поминати со Сара. Секое ново поглавје носи наслов на нова девојка и претставува нова „љубовна авантура“ што не води никаде. Можеби оваа социјална реалност на романот не ослободува, како што би се очекувало од класичната романтична комедија, но несомнено ќе ве насмее, велат од „Антолог“.

Кречич создала метафора на љубовта во денешното општество, но и урнек на прикриен женомразец типичен за новиот милениум, кој ни го ставила на тацна. Според критиката, ова е „допадлив и по малку тескобен роман за вербата во љубовта во современото општество“.

Книгата е објавена со поддршка на програмата Креативна Европа на Европската Унија.

Јела Кречич (1979) е словенечка писателка. Дипломирала на тема уметничките манифести во словенечката авангарда. Докторирала философија. Пишува за најголемиот весник во Словенија, „Дело“, каде што во 2013 година на словенечки и на англиски јазик објавува ексклузивно интервју со Џулијан Асанж, што ја прави меѓународно позната личност. Истата година стапува во брак со најпознатиот словенечки и балкански мислител Славој Жижек.

Драгана Евтимова е дипломиран професор по македонска книжевност и јужнословенски книжевности и по словенечки јазик. Моментално е на магистерски студии на Институтот за литература во Скопје. Има четири објавени книги, а има и учествувано на голем број книжевни манифестации во Македонија и во странство. Преведува од словенечки јазик.

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе