НОВА КНИГА

„Антолог“ го објави епистоларниот роман „Се гледаме наскоро. Е.“

Романот „Се гледаме наскоро. Е.“ на Драгана Евтимова и Владимир Лукаш е чудесно свежа и иновативна книга, забавна за читање, роман кој обединува серија кратки раскази околу електронската преписка на двата измислени главни ликови, Еписторија Глаголаевна и Еписторие Никифоровен.

Епистоларните романи не се новитет ниту во светската, ниту во македонската литература. Почнувајќи од 15. век до денес речиси секогаш и секаде се присутни, во сечија литература. Ова епистоларно дело ја продолжува традицијата и во Македонија започната со романот „Исток-запад“ од Јадранка Владова и Небојша Кнежевиќ пред петнаесетина години. Новитетот е во темите што се појавуваат во овој роман и начинот на којшто е тоа направено.

Драгана Евтимова и Владимир Лукаш преку нивните писмописци и раскажувачки гласови – Еписторија и Еписторие, соодветно успеваат во епистоларниот роман, освен реалистичната постапка и секојдневието, да вметнат и нота на надреализам, микрораскази од руски тип, како оние на Хармс, извадоци од весници и списанија, книжевни критики, па сè до делови кои личат како репортажи од „National Geographic“. Сето ова придонесува овој роман да се чита и како дневник и како размена на електронска пошта и како лексикон на значења и долги прошетки по сферите на реалното, надреалното, магичниот реализам, чудесното и фантастичното.

Убавината во романот „Се гледаме наскоро. Е.“ е во тоа што може да се препрочитува неколкупати и одново да се откриваат симболите и алузиите во приказните. А овој роман е дефинитивно „хипервитамизиран“ со тоа. Се добива чувство дека пред себе имате исто дрво, кое во различни сезони раѓа различни цветови и плодови.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе