Албер Удерзо, легендарниот уметник зад стриповите „Астерикс и Обеликс“, почина на 92

Коавторот на стрипот „Авантурите на Астерикс“, Албер Удерзо, почина на 92-годишна возраст во неговиот дом, објави неговото семејство. Починал во сон од срцев удар, по неколку недели премаленост.

Смртта не е поврзана со епидемијата на коронавирус, која во моментов беснее во Франција, рече зетот на Удерзо за Франс прес.

Астерикс е легендарна француска стрип-серија фокусирана на античките Гали и нивниот отпор кон воената машинерија на Римската Империја - со малку магија и многу хумор и креативност.

Првата стрип-лента е објавена во 1959 година, креирана од Удерзо во соработка со колегата писател Рене Госкини.

Со околу 380 милиони копии продадени на над 100 јазици и низа цртани и играни филмови произведени со текот на годините, Астерикс стана еден од најпознатите меѓународно признаени француски културни феномени.

Негов друг забележителен придонес во светот на стрипот е ликот Умпа-па Редскин, кој исто така беше создаден во соработка со Госкини и беше објавуван неколку години во магазинот „Тинтин“.

Стрипот „Авантурите на Танги и Лавердур“, кој Удерзо го создаде со белгискиот писател Жан-Мишел Шалие, е уште една серија за борбените пилоти на француските воздухопловни сили.

Син на италијански имигранти, Удерзо почнал со скицирање уште во детството. Неговата ѕвездена кариера во стрип-индустријата ја прави уште поимпресивна фактот дека беше слеп за бои. Неговата соработка со Госини беше прекината со смртта на вториов во 1977 година на 51-годишна возраст. Удерзо почна да се повлекува од работа во 2009 година поради остеоартритис, при што во 2013 година писателот Жан-Ив Фери и цртачот Дидие Конрад ја презедоа штафетата како главни автори на серијалот Астерикс.

Објавено

Вторник, Март 24, 2020 - 12:01

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе