Од 14 до 17 септември во Скопје

8. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ со врвни автори од регионот и од земјава

Врвни автори од регионот, како и домашни автори ќе бидат гости на 8.Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, што ќе се одржи од 14 до 17 септември на повеќе локации во Скопје.

На првата вечер, како што соопштија организаторите, ќе настапи Мухарем Баздуљ, писател, новинар и преведувач и еден од најчитаните во регионот, ќе настапи на првата вечер. Неговите 20-тина книги се преведени на повеќе странски јазици, а ги има добиено голем дел од значајните новинарски награди во БиХ и во Србија. Две негови книги се преведени на македонски јазик - „Ѓаурот и Зухејда“ („Готен“) и „Кукла од марципан“ во издание на „Везилка“. 

Освен Баздуљ, во Скопје треба да дојдат и Угљеша Шајтинац (Србија) – добитник на Европската награда за литература, Маја Солар, авторка која се занимава со феминистички и филозофски теми, како и младата книжевна ѕвезда во регионот, Магдалена Блажевиќ (БиХ).

Македонската книжевна сцена ќе ја претстават две писателки, Калина Малеска и Елизабета Баковска.

„Поради ковид-пандемијата, некои од поканетите автор, сепак, ќе учествуваат од далечина. Анте Томиќ и Миљенко Јерговиќ подготвија получасовно видео кое ќе биде уживање за сите книгољубци, додека Дамир Каракаш подготви луцидно и креативно излагање за неговите книги и светот во којшто моментално живееме.

Како што веќе беше најавено, годинашен лауреат на наградата за авторски придонес во балканската книжевност е големиот Исмаил Кадаре, којшто ја прими наградата ‘Прозарт‘ пролетта во Франција“, се наведува во соопштението.

Фестивалот и годинава ќе се одвива четири вечери, на три локации-Куршумли ан, Europe House и Кинотеката. Отворањето ќе биде на 14 септемри во 19.30 часот со претставување на делата на Баздуљ, Шајтинац и на Малеска, а ќе следи и видеомонолог на Каракаш. Првата вечер ќе биде промовирана и „Срчки“, новата книга на Бранислав Николов („Пијан славеј“), а на промоцијата ќе настапат авторот и басистот Гоце Јованоски.

На вториот ден, во Europe House ќе биде организирана тркалезна маса на тема „Литература и криза: почетна точка за нови противотрови“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на „Скопје fellowship“ програмата, по што ќе следува средба на членовите на оваа програма со претставници на Македонска асоцијација на издавачи. Вечерта ќе бидат претставени писателките Блажевиќ, Баковска и Солар и нивните дела, а музичарите Гоце Јованоски и Андреа Мирческа ќе изведат експериментална звучна импресија од филмот „Устав на Република Хрватска“ по сценарио на Анте Томиќ. Потоа ќе следи видеоразговор меѓу Јерговиќ и Томиќ, изработен специјално за фестивалот.

На третата вечер која традиционално е посветена на лауреатот, ќе биде прочитан неговиот говор, а секој автор ќе прочита извадоци од своите дела.

Во рамките на дополнителната програма на фестивалот, на 17 септември во летното кино на Кинотеката, ќе биде прикажан филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов. Преку видеоприлог, Миљенко Јерговиќ ќе зборува за филмот по проекцијата.

За делата на гостите ќе зборуваат Александар Прокопиев (уметнички директор), Ермис Лафазановски (претседател на Одборот за доделување на наградата „Прозарт“) и Владимир Јанковски.

Инаку, Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ е во организација на издавачката куќа „Прозарт“, а е поддржан од Министерството за култура, ТРАДУКИ, Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Делегацијата на ЕУ, Град Скопје, амбасадата на Босна и Херцеговина и од Кинотеката.

 

 

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе