30 години Саем на книгата

„30 години читаме со задоволство", е слоганот на овогодинешниот, јубилеен Саем на книгата, а во кампањата учество ќе земат книжевни ѕвезди на македонските издавачки куќи. Саемот го организира Скопски саем, под покровителство на Министерството за култура и ќе се одржи од 3. до 9. мај, во ВИП Арена Борис Трајковски.

Меѓународниот Саем на книгата обезбедува широка програма на изложување, вклучувајќи дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, енциклопедии, дела од областа на културата и уметноста, книги за млади и деца, учебници и училишни прирачници и галантерија...

На саемот учество ќе земат сите значајни издавачки куќи од замјата, но има и изложувачи кои ни пристигнуваат од регионот.

По повод јубилејното издание на Саемот за книгата, влезот за сите групни посети на ученици ќе биде бесплатен. 

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе