13 нови членови на ДПМ

Друштвото на писатели на Македонија го прошири членството со нови 13 автори. Новите членови се избрани на јавниот повик за проширување на членството на ДПМ во текот на месец март на кој се пријавиле 47 кандидати.

„Претседателството ги разгледа сите доставени материјали, ги проанализира според утврдените критериуми и спроведе гласање, на кое со мнозинство гласови се здобија: Петар Андоновски, Елизабета Бандиловска, Марија Гиревска, Мерсиха Исмајловска, Александра Јуруковска, Славчо Ковиловски, Ели Маказлиева, Виолета Мартиновска, Бранко Прља, Сузна В. Спасовска, Ана Стојановска, Снежана Стојчевска и Билјана С. Црвенковска“, се вели во соопштението на ДПМ.

Новите членови на ДПМ ќе бидат свечено претставени преку кус разговор и сегмент од творештвото на Книжевната вечер што ќе се одржи во просториите на Друштвото на 15 април, со почеток во 19 часот.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе