ДПМ

100 години од раѓањето на Димитар Митрев

На 14 октомври 1919 година, пред точно едно столетие, е роден Димитар Митрев, еден од основоположниците на македонската книжевна критика и теорија, маркантна фигура во историјата на македонската книжевност и култура.

Бил критичар, есеист, полемичар, антологичар, фељтонист, еден од основачите на Друштвото на писатели на Македонија во 1947 година и во неколку наврати негов претседател, професор, декан на Филозофскиот факултет и ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година. Починал во 1976 година.

Неговата личност и творештво се вградени во судбинските превирања и поетички потраги во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век, низ кои се исцртувала развојната линија на македонската литература. Книжевно-теориските погледи, критиката и стилот на Митрев се неодминливи поглавја во македонската култутрна историја, но и изворишта на се уште жива мисла која може да даде своевиден придонес во толкувањето и на некои современи книжевни состојби.

            Во понеделник, на 14 октомври, во просториите на ДПМ со почеток во 12 часот ќе се одржи книжевна средба во чест на Димитар Митрев, на која за неговиот лик и дело ќе говорат писателите и универзитетски професори Јелена Лужина и Иван Џепароски.

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе