Книжевност

Во специјализираното германско-руско списание за поезија „Пливачки мост“, кое излегува во Германија, во последниот број за 2017 година, во препев на Олга Панкина објавен е пообемен циклус песни од македонскиот поет Славе Ѓорѓо Димоски.

29 Декември 2017 - 11:11

Издавачкиот центар „Три“ ќе ја промовира новата книга на Игор Џамбазов, со наслов „Улица диши длабоко“. Овојпат Џамбазов објавува стихови, надополнети со анегдоти за секоја од неговите песни. Промоцијата ќе се одржи во ресторанот „Вип база“ (3та Македонска бригада, во склоп на „Американ колеџ“) на 27 декември (среда), во 19 часот.

27 Декември 2017 - 12:00

Поетската книга „Црни дупки во нас“ на Марта Маркоска го дочека српскиот препев, во издание на „Граматик“ од Белград. На поетска вечер на 26 декември, со почеток во 19.30 часот, во организација на „Спона“ во „Јавна соба“ ќе биде промовирано српското издание на книгата. За препевот, за содржината и за авторката ќе зборуваат Александра Спасеска и Мите Стефоски, а модератор на настанот ќе биде Милутин Станчиќ. Авторката Марта Маркоска вечерта ја посветува на својот неодамна починат татко, Иван Карадак.

26 Декември 2017 - 13:23

Како издание на „Либи“, дел од книгоиздателството „Арс ламина“ од Скопје, објавена е книгата со драмскиот текст „Новиот цар“ од писателот Томислав Османли. Книгата со божиќниот драмски текст за деца го носи поднасловот „Приказна за раѓањето на Царот на царевите“ и претставува инсценација на повеста за раѓањето на Исус раскажана низ 12 сцени, со почетна игра, пролог и епилог. Почетната игра ги претставува традиционалните коледарски песни што се пејат не само во Скопје, ами и низ Македонија.

26 Декември 2017 - 12:21

Македонскиот писател Божин Павловски е добитник на меѓународната награда „Арка“ за романот „Америка, Америка“, кој годинава излезе од печат во издание на истоимената издавачка куќа од Смедерово, во превод на Љиљана Стеиќ.

26 Декември 2017 - 11:30

Промоцијата на книгата со есеи „Мини-прирачник за поезија“ на македонската поетеса Елена Пренџова ќе се одржи на 26 декември, со почеток во 20.30 часот, во Кинотеката на Македонија. Промотор на книгата е проф. д-р Иван Џепароски, а модератор на настанот е Христина Ѓорѓиевска.

26 Декември 2017 - 11:16

Неодамна, во издание на скопската издавачка куќа „Слово“, беше објавен романот „Есторил“ од современиот српски писател Дејан Тиаго-Станковиќ. Романот „Есторил“ предизвика големо внимание и одлични оценки во Србија, како и во Португалија, каде што е објавен на португалски јазик. Станковиќ веќе дваесетина години живее во оваа земја.

25 Декември 2017 - 18:37

Издавачката куќа „Темплум“ по осми пат го организира малиот новогодишен саем на книги, кој се одржува во ГЕМ Клубот (Стара чаршија, над „Менада“), од 25 до 29 декември. На саемот ќе може да се најдат изданијата на „Темплум“, „Бегемот“, „Готен“, „Блесок“, „Слово“, „Кликер“, „Сигма прес“, „Восток“, „Привате Принт“...

25 Декември 2017 - 13:25

На конкурсот за традиционалните награди на Друштвото на писателите на Македонија, за најуспешни остварувања во 2017 година, до сега пристигнаа 70 дела од 65 автори. Се очекува бројот на книгите да биде поголем со оглед на тоа дека конкурсот е отворен до крајот на декември оваа година.

24 Декември 2017 - 13:54

Промоцијата на книгата за деца „Кучешки приказни од Тафталиџе 1“ и дружењето со авторката Јасмина Кантарџиева Димков и илустраторот Ивица Спасовски ќе се одржи на 23 декември (сабота), во книжарницата „Литература.мк“ (на ул. „Македонија“ бр.21), со почеток од 12 часот. Промотор на книгата ќе биде Билјана Црвенковска, писател и уредник на литература за деца и млади во „Арс Ламина публикации".

21 Декември 2017 - 19:25

Издавачката куќа „Готен“ на 22 декември, во 20 часот, во „Кино Култура“ ќе ја промовира книгата „Темна материја“ од словенечката писателка Мојца Кумердеј. На промоцијата ќе присуствува авторката, а разговорот со неа ќе го водат Владимир Јанковски и Иван Шопов. Преводот на книгата од словенечки на македонски јазик е на Иванка Апостолова Баскар.

21 Декември 2017 - 18:25

Друштвото на писателите на Македонија на 22 декември (петок), во 13 часот, во Спомен-собата на Анте Поповски во Ѓорче Петров, ќе ја одржи традиционалната манифестација во чест на знаменитиот поет, есеист и академик, еден од претседателите на македонската писателска асоцијација.

21 Декември 2017 - 17:56

Во големиот салон на Домот на културата „Кочо Рацин“ - Скопје (Домот на градежниците) на 22 декември 2017 година (петок), со почеток во 19 часот, ќе биде одржана поетската манифестација „Денови“, во чии рамки на младата македонска поетесата Надица Лешникоска од Скопје свечено ќе ѝ биде врачена наградата „Бели мугри“.

21 Декември 2017 - 17:18

Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје деновиве го објави романот „Празнување на животот“ на познатата латвиска писателка Нора Икстена, во превод од руски јазик на Ленче Тосева.

20 Декември 2017 - 14:02

Во фоајето на Театарот „Јордан Х.К - Џинот“ во Велес, на 21 декември, со почеток во 20 часот, ќе се одржи Вечер со поезијата на Ристо Јачев. Модератор на поетската вечер ќе биде писателот и драматург Сашо Димоски, а избор од поезијата на Јачев ќе читаат актерите Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски, во музичка придружба на гитара од Сашко Костов.

19 Декември 2017 - 20:06

Определуваќи се за европските вредности на демократијата се наоѓаме пред историска шанса која не треба и не смее да се пропушти не само во односите со Бугарија.

повеќе

Македонија сѐ повеќе заглавува во сиромаштија чија стапка изнесува скоро 22 отсто од вкупното население, речиси една третина од децата живеат во сиромаштија.

повеќе

Дали поновите, посјајните и посложените нешта автоматски значи дека се подобри? Всушност, најчесто вистината е спротивна на тоа.

повеќе