Ќе се реставрира црквата „Свети Власиј“ на тврдината „Исар“

Штипскиот Музеј со европски пари ќе ја реставрира црквата „Свети Власиј" на тврдината „Исар". Договорот за почеток на градежните работи е потпишан денеска во Општина Штип, од страна на градоначалникот Благој Бочварски, директорката на Центарот за развој на Источно планскиот регион, Драгица Здравева, директор на ЗЗС и Музеј на град Штип, Митко Штерјов и претставникот на градежната фирма БВ инжинеринг од Битола.

Проектот предвидува конзервација и реставрација на сите ѕидови и надѕидување од максимум 1,5 метри; предвидена е изградба на пристапна патека  и осветлување на целиот простор. Конзервацијата на црвката „Свети Власиј" е во износ од 89.000 евра. Директорот на ЗЗС и Музеј на град-Штип, Штерјов рече дека црквата датира од 14-век, а истата е откриена со археолошките истражувања во 2010 година.

Градоначалникот Бочварски рече дека реставрацијата на црквата ќе се прави со пари обезбедени од Програмата за меѓугранична соработка со соседна Бугарија.

„Општина Штип заедно со бугарската општина Белица во наредните две години ќе искористат над 400.000 евра за културен туризам, но и за рехабилитација на Народното читалиште „Георги Тодоров 1885" и реставрација и конзервација на црквата „Свети Власиј" на тврдината Исар. Од овие средства 221.034 евра се наменети за општина Белица, а 185.187 евра за Центарот за развој на Источен плански регион“, рече Бочварски.

Директорката на Центарот за развој на ИПР, Здравева истакна дека како центар  преку истата програма  имаат обзебедени пари и за реконструкција на мултикултурниот центар во Кочани. Проектот „Културен мост низ вековите" треба да заврши за 14 месеци.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе