Јордан Плевнеш, Виктор Радун и Ана Багрјана добитници на наградата „Гоцева мисла“

Меѓународната награда „Гоцева мисла“ годинава им се доделува на  Јордан Плевнеш (Македонија), Виктор Радун (Србија) и Ана Багрјана (Украина). Наградата ја доделува Фондацијата за културна и научна афирмација и презентација „Македонија презент“, а годинашните лауреати ја добиваат наградата за нивниот придонес во културолошката мисија, развојот и негувањето на културата, уметноста, науката и етиката, како и соработката и поврзувањето меѓу народите. 

Наградата се доделува во чест на роденденот на Гоце Делчев, 4 февруари, и неговата знаменита мисла: „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“. 

Доделувањето  е во рамки на  Фестивалот на чајот и читањето, а досегашни добитници на наградата „Гоцева мисла“ се: Златко Крамариќ (Хрватска), Олга Панкина (Русија-Македонија), Даниела Костадиновиќ (Србија), Тања Попова (Бугарија), Звонко Танески (Македонија-Словачка), Волф Ошлис (Германија), Горан Калоѓера (Хрватска), Сабахудин Хаџиалиќ (Босна и Херцеговина), Лилјана Јанаќковиќ (Србија), Ресул Шабани (Македонија), Суат Енѓулу (Турција), Елка Наголова (Бугарија), Ристо Василевски (Македонија-Србија), Кирил Темков (Македонија), Жан-Патрик Конрад (Англија-Франција), Зафир Хаџиманов (Македонија-Србија), Вања Ангелова (Бугарија), Миле Топуз (Македонија), Васил Тоциновски (Македонија), Бајрузин Хајро Плањац (Босна и Херцеговина) и Олга Лалиќ – Кровицка (Полска).

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе