Јордан Плевнеш избран за претседател на Академија Балканика Еуропијана

Македонскиот писател Јордан Плевнеш е избран за претседател на Академија Балканика Еурпијана.

Изборот е донесен едногласно, од сите 33 членови од десетте држави на Балканскиот полуостров, а Плевнеш бил предложен од претседателот на Европската Акaдемија на науките, уметностите и книжевностите, Жан-Патрик Конрад, професор од Кралскиот колеџ од Лондон.

По изборот на претседател, отворен е повик за избор на нови членови на Академијата од областа на природните и општествените науки. Научно-истражувачкиот институт, кој ќе биде формиран од новоизбраните академици ќе работи во четири приоритетни области поврзани со проектот „Отворен Балкан“ – економија, екологија, медицина и обновливи енергетски извори“, стои во информацијата на Академија Балканика.

Академијата има мисија да поттикнува нови врски меѓу балканските уметници, со цел промоција на активности и меѓународни културни проекти.

Изборот на Плевнеш, доаѓа по смртта на првиот претседател, Јон Карамитру избран во Букурешт на 29 октомври 2017 година.

Основачкиот комитет го предложи изборот на почесните членови: Орхан Памук, добитник на Нобеловата награда за литература, Вангелис – композитор и музичар, Марина Абрамовиќ – концептуален уметник, Светлана Броз, кардиолог и хуманитарен активист и Жан-Патрик Конрад, претседател на Европската акедемија на науките, уметностите и книжевностите.

 

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе