Јана Манева-Чупоска е избрана за претседателка на ДЛУМ

Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска е нов претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), избрана на вонредното годишно собрание што се одржа во саботата и со ДЛУМ ќе раководи во наредните четири години.

Манева-Чупоска во 1996 година дипломирала сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло завршила на Високата школа за применета уметност во Прага. Во 2006 година станала магистер по уметност, а во 2009 запишала докторски студии и станала доктор на науки од областа на етнологија и дизајн.

Во ДЛУМ членува од 1997 година и е активна со самостојни изложби и со учество во групни ликовни излагања на домашната и меѓународна ликовна сцена. Авторка е на книги од областа на ликовната уметност и дизајн, има објавено трудови во меѓународни научни зборници, била кураторка на ликовниот проект „Фемина 8“. Редовен професор е на Факултетот за арт и дизајн.

 

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе