ЛГБТИ

Изложбата „Во кожата, длабоко: +60“ ќе биде поставена во Отворено графичко студио

Проектот „Во кожата, длабоко: +60“ беше започнат за време на програмата за уметнички престој „Инстинкт.Берлин“. Фотографот Рафаел Медина портретира девет геј мажи на возраст над 60 години кои живеат во Берлин. Серијата од 35мм фотографии, видео и звуци претставуваат визуелно истражување на нивните тела, сексуалност и нивниот однос кон геј заедницата, објаснија од ЛГБТИ Центарот за поддршка.

Во портретирањето на старите геј мажи, фотографот го отвара прашањето за стареењето во геј заедницата; заедница каде што стандардите за убавина и младоста се дури и повисоки отколку оние во мејнстрим заедницата. Овие мажи ја издржаа распространета хомофобија во времето додека растеа и беа сведоци за тоа како нивните заедници се опустошени од ХИВ / СИДА. Тие со децении се бореа за видливост и инклузија. Тие беа клучни за денешното прифаќање на квир луѓето. Сега, на зрела возраст, тие повторно треба да направат парадоксално искуство: тие, кои се бореа за видливост, повторно се третирани како невидливи, но овојпат од нивната заедница.

Општеството генерално, а посебно ЛГБТ заедницата, го прикажува стареењето на стереотипен начин, честопати негирајќи ја сексуалноста на постарите мажи. Затоа, Рафаел Медина избира мажи кои ги оспоруваат предрасудите поврзани со стареењето со цел да дадат нова перспектива на оваа тема. Овие мажи некако создаваат нови можности за живеење и го реобмислуваат концепт на стареењето.

Признавањето на сексот и односите имаат главна улога во овој контекст. Желбата, задоволството, страста и силата кои произлегуваат од сексуалниот пулс и креативната сила се фундаментални кога размислуваме за алтернативен начин на живот за „новите“ стари луѓе.

Рафаел Медина е бразилски фотограф кој живее и работи во Берлин. Во фокусот на неговите дела се прашањата за сексуалноста, родот и прифаќањето на телото, давајќи видливост на квир и дисидентски тела.

„Инстинкт.Берлин“ е експериментален уметнички проект кој спојува мрежа на уметници кои ги доведуваат во прашање машкоста, родовите улоги и општествените очекувања преку естетско експериментирање, дијалог и создавање на заедница.

„Инстинкт.Берлин“ се состои од уметничка изложба која се случува два пати во годината и програма за престој во која се вмрежуваат уметници која ги поврзува заедницата на кралиците (во квир смисла на зборот), уметници и уметничките работници на меѓународно ниво.

Изложбата е организирана од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка во соработка со уметникот Рафаел Медина. Отварањето ќе биде на 12.03.2018 во 20 часот, а изложбата ќе може да се посети до 18.03.2018 во Отворено графичко студио - Музеј на град Скопје.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе